Пелистер го „среди“ и MKK Куманово за максимален ефект

106

Екипата на Пелистер ја запиша и третата победа во третиот меч од новата сезона во македонската кошаркарска лига. Битолската екипа на свој терен славеше триумф над МКК Куманово од 88-74.
Кумановци беа добри само во првиот период кој го добија со 30-25, а потоа му дозволија на противникот да го сврте резултатот и да стигне до победата. Последната четвртина домашните ја добија со 17-8 и на крајот славеа со 14 разлика
Кај Пелистер најефикасен беше Едвардс со 19 поени, Мишковиќ постигна 18, а Стојановски 15, Костоски 14. Кај Куманово се истакна Радукиќ со 20 поени, а двоцифрени беа уште Волер со 13 поени и Луковиќ со 19.

ПретходноМитровски со нов гол за Вараждин во најсилната хрватска лига (видео)
СледноТорино за четири минути прокоцка предност и загуби од Каљари