Пешиќ: “Никогаш не вели никогаш!“

64

И официјално, Светислав Пешиќ останува селектор на репрезентацијата на Србија до 2025 година. Значи тој ќе ја води Србија на следното ЕП. Она што во минатите неколку дена се најавуваше, од денеска е и официјално откако изјава на прес-конференција даде самиот стратег а претходно се огласија и од КСС.

Инаку познато беше дека тој во изминатиот период во неколку наврати истакнуваше дека тој нема намера повеќе да ја води репрезентацијата и дека има други планови:

Ете, никогаш не вели никогаш, така и со мене. Како прво да му се заблагодарам на новиот претседател на КСС Небојша Човиќ за трпението додека не донесам конечна одлука. Факт е дека имав други планови,но сето тоа успеавме да го регулираме и затоа еве сум тука пред вас“ им се обрати Пешиќ на новинарите.

May be an image of 1 person and text

ПретходноСи влегол во фан-шопот на Барса и си купил дресови за 8.000 евра, ама сега ќе заработи богатство! (ВИДЕО)
СледноПочна одбојкарската сезона: Финалистите сигурни, прва прволигашка победа за Скопје