ПМФЛ: Работнички си гази, Силекс го нокаутираше шампионот, Беса славеше во Гостивар, без голови во Штип! (ВИДЕО)

1014

Завршија сите шест средби од 10.коло кои се одиграа попладнево. И дефинитивно овој Работнички и тоа како покажува сила. Успеа да го победи Гостивар во дербито на колото со 1:0, со голот на Мазари и со тоа да се зацврсти на лидерската позиција.

Во Гостивар домашната Беса со 2:1 славеше против Вардар. Есати донесе водство, израмни Омерагиќ за да потоа Фетаи стрелаше за 2:1. Вардар може да жали, имаше неколку шанси, но грешките во одбраната беа фатални.

No description available.

Катастрофа на Струга ТЛ и тоа дома и тоа од Силекс од 1:4. Кратовци го понижија шампионот. Но како игра Струга ТЛ оваа есен и не тоа сензација. Според шансите можеше Силекс да дојде и до поубедлива победа.

Брера и Воска одиграа 1:1, гостите од Охрид во последните секунди се спасија од пораз и тоа со голот на Илиески.

Тиквеш одново не даде гол, но одигра храбро против Шкендија и освои значањен бод. Кикс на тетовци кои сега се во минус во однос на Работнички од три бода.

Во Битола многу борба, но на крајот 0:0. По бод за Пелистер и Шкупи.

РЕЗУЛТАТИ – 10.КОЛО

БРЕРА – ВОСКА 1:1

(М. Георгиевски 77./. Илиески 90+3.)

БЕСА – ВАРДАР 2:1

(Есати 9., Фетаи 77./Омерагиќ 73.)

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0:0

РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 1:0

(Мазари 15./)

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 1:4

(Радиќ 75. /Алиќ 61., Маронг 83.,Игњатов 85., Ѓорѓиевски 90.)





ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 0:0

Претходно“Помалку клубови, укинете ја Лигата на Нации, да нема СКП! Овој фудбал не е добар!“
СледноЈапонец е најнискиот кошаркар кој ќе игра во НБА лигата