Попладнево се играат сите шест средби од 10.коло во ПМФЛ. И само два гола се постигнати во првите полувремиња. Работички со 1:0 води против Гостивар во дербито и тоа откако Мазари во 15.минута убаво го искористи подарокот на гостинската одбрана.
Во Гостивар домашната Беса со гол во 9.минута преку Есати има водство против Вардар. Инаку домашниот голман Захов во неколку наврати ја спаси Беса, посебно во 35.минута кога Босанчиќ од далечина шутираше, а Захов ја одби таа топка во стативата. Вардар има за што да жали.
На останатите мечеви нема голови. Играат и Струга ТЛ – Силекс, Тиквеш – Шкендија, Пелистер – Шкупи и Брера – Воска.