Станиќ:Работнички ја заслужи победата во дербито!

236

Гостивар падна на Арената. Овој тим го доживеа првиот пораз сезонава и тоа од Работнички, тимот кој знае и тоа како што прави. Уште еден одличен настап на момците на Горан Станиќ и уште една победа. Победа од 1:0 во дербито на колото. На крајот се виде дека решавачки беше киксот на гостинската одбрана во таа 15.минута и голот на Атдхе Мазари за нови три бода за Работнички.

Станиќ за “СпортСпорт“ не го криеше своето задоволство од победата во дербито.

Тежок меч за играње, вистинско дерби. Му го нанесовме првиот пораз на Гостивар, па така сега само ние не знаеме што е пораз. Тоа нека биде така што подолго. Како и обично ваквите мечеви ги решаваат еден момент, еден кикс, еден потег. Така и беше попладнево. Ние тое го искористивме и заслужено победивме. Еве јавно да им честитам на нашите играчи и на оваа победа“ истакна стратегот на Работнички.

ПретходноВасоски по тие 1:4 во Струга: Силекс тактички одигра одлично!
СледноОвој Работнички е со шампионски шмек! Еве како изгледа табелата по 10.коло! (ФОТОГАЛЕРИЈА)