Тенис: Трофеи за Хачанов, Баутиста и Пол

21
ФОТО> x.com/atptour

Денеска се одиграа три финалиња на тениските турнири за мажи и еден во женска категорија. Во Алмати, Казахстан трофејот замина во рацете на рускиот тенисер Карен Хачанов кој со 2-1 (6-2, 5-7, 6-3) го совлада канадскиот тенисер Диало.
Во Антверпен, Белгија трофејот го освои Шпанецот Роберто Баутиста-Агут кој во финалето го совлада Чехот Лехечка со 2-0 (7-5 и 6-1).
А во Стокхолм, Шведска трофеј за американскиот тенисер Томи Пол кој во финалето со 2-0 (6-4, 6-3) беше подобар од Григор Димитров. Пол, кој 13-ти тенисер на светот, по еден час и 25 минути славеше над Бугаринот и го освои вториот трофеј во Стокхолм по 2021 година.
А ова е трет негов трофеј оваа сезона.
Во финалето во Нингбо, Кина руски дуел во финалето. Дарија Касаткина се закити со трофејот по победата над Мира Андреева со 2-1 (6-0, 4-6, 6-4).

Претходно“Бомба“: Ова е новиот тренер на Гостивар – Бразилец кој играл во Крузеиро, Бешикташ и Фенербахче!
СледноМеси со Интер ќе игра на Светското клупско првенство