Шампионот тргна со победа во дербито, сигурни и Наковски В. и Јанта В.

60

Oдбојкарскиот шампион во жeнска конкуренција, Работнички, со максимална победа од 3:0 ја отвори новата сезона на домашната сцена. Во првото коло од новото првенство, Работнички на гости го пречека ривалот од финалната серија од минатата сезона, екипата на Струмица, но освен во првиот сет, се чини гостинките немаа поголеми шанси за изненадување во Скопје. Работнички покажа дека во моментов е во подобра форма и успеа да ја прокнижи првата победа.

Убедлив почеток имаа и одбојкарките на Наковски Волеј кои на домашен терен во три неизвесни сета на крајот дојдоа до победа над штипски Младост УГД. Јанта Волеј им препушти само сет на своите градски ривалки Фит Фан Волеј, додека Вардар ЕМ имаше драматичен дуел во пет сета со новајлијата во елитата, екипата на Ускана, победувајќи минимално со 3:2.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 1. КОЛО

Вардар ЕМ – Ускана  3:2 (18:25, 25:12, 26:24, 17:25, 15:13)

Јанта Волеј – Фит Фан Волеј  3:1 (26:16, 25:27, 25:15, 25:17)

Работнички – Струмица  3:0 (25:20, 25:9, 25:19)

Наковски Волеј – Младост УГД  3:0 (26:24, 25:17, 25:15)

ПретходноПолувреме: Мазари “тресе“ по киксот на Гостивар, и Беса води, само два гола по првите 45 минути! (ВИДЕО)
Следно“Помалку клубови, укинете ја Лигата на Нации, да нема СКП! Овој фудбал не е добар!“