Jапонецот Јуки Кавамура, плејмејкер на репрезентацијата на Јапонија, и официјално стана најнискиот играч во НБА лигата.
Кавамура (172 см.) кој им стана познат на љубителите на кошарка по настапите на Олимписките игри во Париз сега и официјално ќе биде дел од најсилната светска кошаркарска лига, откако потпиша договор со екипата на Мемфис.
Кавамура е понизок за еден сантиметар понизок од Американецот Џејкоб Гилард, кој во претходната сезона четирипати го носеше дресот на Бруклин Нетс во регуларниот дел од сезоната.
Јуки блескаше на Игрите и со просек од 13,6 поени и 7,6 асистенции ја направи јапонската репрезентација едно од најпријатните изненадувања на турнирот.