Атлетико го совлада Леганес со пресврт со голови во второто полувреме

29

Атлетико Мадрид по серијата од три меча без победа (две ремија во Ла Лига и пораз во ЛШ) се врати на победите со триумфот над Леганес со 3:1 во 10 коло на шпанското првенство. Првото полувреме на „Метрополитано“ му припадна на Леганес кој обезбеди водство во 34 минута преку Ијан Неју.

На стартот на второто полувреме тренерот Диего Симеоне направи дури пет измени, меѓу нив го внесе и својот син Џовани Симеоне место Рикелме.
Во 69 минута Сорлот го изедначи резултатот, а во 81 минута токму Симеоне спаси една топка да не излезе во аут, нафрли на петерецот, а таму Гризман малку ја допре топката и таа заврши во мрежата. Во деветтата минута од судиското продолжение, Сорлот ги постави конечните 3:1.
Атлетико е една од двете екипи без пораз во Ла Лига сезонава, има пет победи и пет ремија. Леганес е на 17-тото место и има четири порази, односно е во серија од осум натпревари без победа.

 

ПретходноКвича побарал петпати поголема плата за нов договор со Наполи
СледноМладите боксери заминаа на Светското првенство во Будва