Актуелниот шампион на Италија, Интер освои драгоцени бодови на гостувањето на „Олимпико“ против Рома. „Нероаѕурите“ си отидоа со цел плен од Рим благодарение на победата од 1:0 со гол на Лаутаро Мартинез во 60 минута. За Аргентинецот тоа е 133-ти гол во дресот на Интер во сите натпреварувања изедначувајќи се со Стефано Ниерс како најдобар стрелец-странец во тимот.
Инаку мечот беше интересен, со шанси на двете страни, но подобри имаа гостите. Интер се искачи на второто место на табелата со бод повеќе од Јувентус и само два помалку од лидерот Наполи. Рома остана на десеттото место со само девет бода по осум кола.
Интер имаше и проблеми на овој меч бидејќи рано, уште во 12-тата минута остана без Хакан Чаланоглу кој се повреди па во игра влезе Давиде Фратези. Во 26 минута се повреди и Франческо Ачерби па беше заменет со Стефан де Фрај.
Идната недела Интер на свој терен ќе игра против Јувентус, додека Рома ќе и гостува на Фиорентина.
Roma 0-[1] Inter-Lautaro Martinez 59′
byu/Chelseatilidie insoccer