Манчестер Сити со гол во 95. минута до победа кај Вулверхемптон (ВИДЕО)

52

Шампионот Манчестер Сити се врати со голема победа од гостувањето кај Вулверхемптон во осмото коло од англиската Премиерлига. Со пресврт, „граѓаните“ славеа со 2:1 со гол во последната минута.

Избраниците на Пеп Гвардиола се повлекоа со гол во 95. минута и дојдоа до големи три бода.

Уште во седмата минута домашните поведоа со голот на Јорген Странд Ларсен. По тој гол Вулверхемптон делуваше опасно, но Манчестер ја презеде иницијативата, за конечно во 33. минута гостите да израмнат. Јошко Гвардиол постигна спектакуларен гол за 1:1.

Очекувано Сити притисна во вториот дел, постојано се закануваше, но не можеше да ја пробие концентрираната одбрана на „волците“. Но, во 95. минута Џон Стоунс со глава по изведен корнер погоди за победа. Проверката на ВАР покажа дека се е чисто, иако се проверуваше дали е офсајд бидејќи Бернардо Силва беше многу блиску до голманот на домашниот тим.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноОвој Работнички е со шампионски шмек! Еве како изгледа табелата по 10.коло! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноФиорентина го посрами Лече, Аталанта подобра од Венеција