Џерард Пике е голема фаца во фудбалот. Беше дел од најдобрата Барса во историјата, со Шпанија беше европски и светски првак, има освоено буквално се.
И тој се вклучо во кампањата на актуелните играчи кои бараат да се намали бројот на натпревари, а има и свои предлози:
„Има премногу натпревари и се повеќе фудбалери кои се жалат на повреди. Сите сме свесни дека овој фудбал не е добар. Јас сметам дека Лигите треба да бидат најмногу со 16 клубови, значи треба да се намали бројот. Потоа да се укине Лигата на Нации. Па на кого му служи таа? Не разбирам. Исто така апелирам да нема Светско клупско првенство. Ете на тој начин ќе се намалт натпреварите и секако повредите на играчите. Тогаш ќе можеме да следиме фудбал како некогаш. Јас разбирам дека сите сакаат поголеми приходи, но сметам дека најважно е да има помал број натпревари“ посочи Пике.