Фаворитите без поголеми проблеми ја отворија новата одбојкарска сезона во првата лига за мажи со очекувани победи. Шампионот Струмица на домашен терен со максимални 3:0 славеше над екипата на Лирија, додека Штип УГД со истиот резултат на домашен терен го доби дербито со екипата на Универзитет во тетово. Домашните беа многу подобри во првите два сета, додека гостите од Тетово се потрудија да донесат голема неизвесност во третиот сет, кој на крајот го добија на разлика со 29:27.
Сигурен беше и Борец на домашен терен против Сушево, додека вредна победа на гости обезбеди Шкендија. Најнеизвесниот меч од стартното коло се одигра во Скопје, каде новајлијата успеа по пет одиграни сета да ја оствари првата прволигашка победа над екипата на Македонија Џио.
Мечот меѓу Вардар и Работнички ќе биде одигран во нов термин, а во првото коло слободна беше екипата на Јанта Волеј.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 1. КОЛО
Весна Пробиштип – Шкендија 0:3 (16:25, 13:25, 15:26)
ГОК Борец – Сушево 3:0 (25:22, 25:18, 25:16)
Струмица – Лирија 3:0 (25:17, 25:12, 25:20)
Штип УГД – Универзитет во Тетово 3:0 (25:18, 25:20, 29:27)
Скопје – Македонија Џио 3:2 (23:25, 25:16, 27:25, 21:25, 15:13)
Вардар – Работнички 71&22 (одложена)
Слободна е екипата на Јанта Волеј