Фиорентина го посрами Лече, Аталанта подобра од Венеција

23

Фудбалерите на Фиорентина го декласираа Лече со 6:0 на гостински терен во натпреварот од осмото коло на италијанската Серија А. „Виолетовите“ попладнево им одржаа „фудбалска лекција“ на домаќините, а поразот на Лече можеби немаше да биде толку убедлив доколку дефанзивецот Антонино Гало не добиеше директен црвен картон во 43. минута.

Три бода на гостински терен обезбеди и Аталанта која ја совлада Венеција со 2:0. Стрелец на гол и асистенцијата беше Матео Ретеги. Најпрвин напаѓачот на Аталанта асистираше до Пашалиќ за водство на гостите во седмата минута, а потоа и самиот се запиша во листата на стрелците во 47. минута.

ПретходноМанчестер Сити со гол во 95. минута до победа кај Вулверхемптон (ВИДЕО)
СледноНејмар се врати на тренинг, првиот меч по една година го чека во ЛШ на Азија