Конечно. Вечерва во меч од ЛШ во Азија, во дресот на Ал Хилал во игра влезе и Нејмар на гостувањето кај Ал Аин од ОАЕ. Се играше 77.минута кога слацниот Бразилец влезе во игра и беше на терен околу дваесетина минути. Ова за него беше прв настап за клубот од С. Арабија по точно 369 дена откако во октомври минатата година доживеа тешка повреда, ги скина вкрстените лигаменти.
Следуваше операција, па долга рехабилитација, но еве сега Нејмар игра за Ал Хилал.
Да кажеме дека пред повредата Бразилецот одигра само шест меча за тимот од С. Арабија.
Победи тимот на Ал Хилал со 4:5 во меч од 3.коло во ЛШ на Азија.