Столе остана на клупата: Валенсија поразена од Лас Палмас и тоа на “Местаља“!

49

Валенсија – Лас Палмас 2:3 вечерва на “Местаља“ во рамките на 10.коло во Ла Лига. Уште еден пораз и тоа на домашен терен и тоа од тимот кој исто така се наоѓа на самото дно на табелата.

Треба веднаш да се каже дека нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно остана на клупата и гледаше како Мамардашвили прима три гола.

Домашните одлично го почнаа мечот, поведоа со голот на Пепелу од пенал во 15.минута, и се беше идеално. Имаа и повеќе шанси за нови голови.

Во продолжение потоп, гостите постигнаа три гола за водство од 1:3. Во 90+4.минута Тарега стрелаше за 2:3.

Ова беше првата победа сезонава за Лас Палмас, со што сега последна е Валенсија.

ПретходноОграбена најпознатата фудбалска двојка: Крадците им украле 11 часовници вредни половина милион евра
Следно“Шумарите“ со еден гол до три бода против Кристал Палас!