“Шумарите“ со еден гол до три бода против Кристал Палас!

19

Вечерва во меч од 8.коло во Премиер-лигата, Нотингем Форест на свој терен со мининални 1:0 славеше против Кристал Палас. Значајна победа за „шумарите“ кои сега со овие три бода се на 8. место по осмото коло во најсилната лига во светот. Победничкиот гол беше дело на Крис Вуд во 65.минута.

Во текот на целиот меч гостите најстојуваа со комбинаторна игра да дојдат до што подобар резултат, имаа и шанси, но сепак одбраната на Нотингем Форест уште еднаш покажа дека е во одлична форма. Имено таа има примено само 6 гола и е втора во цела Премиер – лига, помалку примени голови има само Ливерпул, три.

Со овој пораз Палас сега е на 18.место со само три бода, се наоѓа во зоната за испаѓање.

ПретходноСтоле остана на клупата: Валенсија поразена од Лас Палмас и тоа на “Местаља“!