По вчерашното реми со екипата на Тиквеш, тренерот на Шкендија Јетон Беќири смета дека загрижува фактот што тимот влезе во проблем со реализацијата.
„Одигравме многу слабо прво и второ полувреме кога бевме на многу добро ниво, но во одредени моменти не ги искористивме можностите што ги создадовме. Силна игра против квалитетна екипа и покрај моменталната позиција на табелата. Жал ми е за многу за слабото прво полувреме. Ме загрижува и тоа што не постигнуваме голови, пропуштаме шанси како и на натпреварот во Кратово со Силекс, така и денеска во Штип“, смета Беќири.
Шкендија е втора на табелата со три бода заостанување зад лидерот Работнички.