Египетски репрезентативец е ново засилување на Пелистер

248

Кружниот напаѓач на египетската репрезентација, Мохамед Мамдух Шебиб, потпиша договор со Пелистер за сезоната 2024/25 и следната сезона 2025/26.

Станува збор за пивотмен со големо интернационално искуство. Шебиб во досегашниот тек на сезоната настапуваше во Кувајт, но во Европа јавноста го запозна како ракометар на Монпелје и Динамо Букурешт.  35-годишниот Шебиб има скоро 200 настапи за египетската репрезентација, за која настапува петнаесет години. Повеќекратниот шампион на Африка, освојуваше титули насекаде каде што настапуваше во своите клубови: во Египет, Франција, Романија, Катар…

Со Монпелје ја освои Лигата на шампионите во 2018 година, романското првенство и Куп со Динамо Букурешт, азиската Лига на шампиони, првенството и Купот на Катар со Ал-Џаиш, африканската Лига на шампиони, првенството и Купот на Египет со Замалек и уште многу, многу други трофеи.

Шебиб ќе биде регистриран за натпреварите на Пелистер во Суперлигата и Лигата на шампионите уште од оваа недела.

ПретходноИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА со донација од два милиони, изгради детско игралиште во Општина Кисела Вода
СледноТен Хаг: Уживам во пресметките со Мурињо!