Ни се смее цел Балкан по веста дека Борозан бил искасан од кучиња скитници!

609

Дека Скопје одамна не е метропола, тоа го знаеме. Посебно откако ја имаме за градоначалничка Данела Арсовска. Имено денеска ни се смее цел Балкан. Нема спортски портал, барем оние попознати од овие простори, кој не ја објави веста дека ракометарот на Вардар, Вуко Борозан утре нема да може да игра против Порто поради тоа што бил искасан од кучиња скитници.

Ѕвездата на Вардар со цел да ги заштити своите деца настрада и тоа како. И таа вест сега е една од главните на Балканот. Секако дека се забележува и тоа кога се пренесува тоа што се случило во Скопје, дека сите ама баш сите тоа го пренесуваат со мала доза на потсмев.

Па така, ако веќе не можеме да се пофалиме со спортски достигнувања за кои Балканот, па и Европа ќе пишуваат, еве сега сме топ – вест по тоа дека кај нас и спортистите, оние елитните, па и странците, мораат да внимаваат кога се движат по улиците на Скопје да не им се случи истото како на ракометарот на Вардар.

Кој ли го води овој град?

ФОТО: РК Вардар, Денис Дуковски

ПретходноМуамед Сејдини остана без дипломатскиот пасош!
СледноСудии за Куп – 1/8 финале: Пилешков “главен“ на Вардар – Тиквеш, Пројковска ќе им суди на Арсими и Воска!