Ограбена најпознатата фудбалска двојка: Крадците им украле 11 часовници вредни половина милион евра

73

Италијанската La Gazzetta dello Sport во понеделникот наутро објави дека крадци упаднале во домот на една од најпознатите фудбалски парови, Даглас Луиз и Алиша Леман, членови на Јувентус. Да потсетиме, Луиз и Леман минатото лето пристигнаа во Јувентус од Астон Вила.

Во моментот на грабежот дуото било зафатено со клупски обврски. Луиз играше со Јувентус против Лацио, а неговата партнерка беше во хотелот со женската екипа на Јувентус, која денеска игра против Интер.

Според Италијанците, крадците украле 11 часовници вредни околу 500.000 евра, а одзеле и недефинирана вредност на накит што му припаѓал на Леман.

По победата на Јувентус, Луиз отишол на вечера, а кога стигнал дома во 1:30 часот по полноќ веднаш повикал полиција. Ова не е прв пат крадци да ограбат некој од играчите на Јувентус.

ПретходноПо повод празникот 23-октомври: Вардар ги отвара вратите на Арената за љубителите на фудбалот за мечот со Тиквеш!
СледноСтоле остана на клупата: Валенсија поразена од Лас Палмас и тоа на “Местаља“!