Парични казни и суспензија на домашен терен за Работнички и МЗТ по дивеењето на навивачите

138

Вечното дерби овој пат се претвори во вечно мачење, а за тоа се виновни фановите на двата клуба. По само кратка игра во втората четвртина, навивачите на актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје кон противничките фанови фрлија хартиени ленти со кои беше покриен дел од теренот. Ова беше доволно за да дербито се претвори во кошмар за сите. Вратија домашните навивачи со петарди на теренот, па двете екипи заедно со официјалните лица се повлекоа од теренот.

После долго време, натпреварот продолжи, но откако беа испразнети дел од трибините. Беше јасно дека и двата тима ќе мора да плаќаат за непромисленоста на нивните поддржувачи.

Работнички поради слаба организација ќе игра два меча без публика на домашен терен, против Чаир и ТФТ. Покрај ова ќе треба да плати парична казна од 68.000 денари, додека пак МЗТ Скопје ќе треба да искешира 64.000 денари и ќе игра пред празни трибини еден меч.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)
СледноТрикратниот европски првак прогласи банкрот