Убава вест поврзана со нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски. Имено како што самиот објави на своите социјални мрежи, Калин по речиси една година пауза му се враќа на тенисот. Тој ќе учествува на фјучрсот во Трнава (Словачка), кој се игра на тврда подлога.
Да потсетиме дека Ивановски поради тешката повреда и операцијата, а потоа и долгата рехабилитација долго време беше надвор од тенисот, но сега тоа е минато.
Секако дека од Калин се очекуваат добри настапи и добри резултати како што беа и пред повредата.