Транмер Роверс, кој моментално настапува во четвртиот ранг во Англија наскоро ќе добие нов сопственик. А тоа е славната пејачка Ријана. Дека има нешто во оваа “приказна“ говори и адвокатот на пејачката кој потврди дека испратена е понуда во вредност од 15 милиони фунти.
“Преговорите се во тек и наскоро се очекува да дојде до договор“ истакна адвокатот.
Се информира дека и досегашниот соственик на клубот нема ништо против ова да се случи, целта е да се напредува. Со овие пари овој клуб би бил еден од најдобро стоечките финансиски во оваа конкуренција.
Инаку плановите на Ријана се големи, се најавува дека во иднина Транмер Роверс ќе атакува и на титулата во Премиер-лигата, секако дека ова е научна фантастика.
Дали Сити, Ливерпул, Арсенал, Јунајтед, Челзи и останатите гиганти во ПЛ треба да стравуваат?
Останува да се види.