Валенсија – Лас Палмас 2:3 вечерва на “Местаља“ во рамките на 10.коло во Ла Лига. Уште еден пораз и тоа на домашен терен и тоа од тимот кој исто така се наоѓа на самото дно на табелата.
Треба веднаш да се каже дека нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно остана на клупата и гледаше како Мамардашвили прима три гола.
Домашните одлично го почнаа мечот, поведоа со голот на Пепелу од пенал во 15.минута, и се беше идеално. Имаа и повеќе шанси за нови голови.
Во продолжение потоп, гостите постигнаа три гола за водство од 1:3. Во 90+4.минута Тарега стрелаше за 2:3.
Ова беше првата победа сезонава за Лас Палмас, со што сега последна е Валенсија.