Судии за Куп – 1/8 финале: Пилешков “главен“ на Вардар – Тиквеш, Пројковска ќе им суди на Арсими и Воска!

555

Во среда (23 октомври) се играат натпреварите од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Секако дека најголем интерес владее за мечот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје каде играат Вардар и актуелниот победник во ова натпреварување, тимот на Тиквеш. На оваа средба главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип.

Ивана Пројковска ќе го суди мечот меѓу Арсими и Воска, кој се игра во Гостивар.

Во продолжение можете да видите кој ќе ја дели правдата на сите мечеви од оваа фаза во Купот на Македонија:

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА КУПОТ – 1/8 ФИНАЛЕ (СРЕДА 14 Ч)

Струмица: Брера – Беса (Александар Ставрев – Скопје)

Скопје: Вардар – Тиквеш (Димитар Пилешков – Штип)

Скопје: Гостивар – Брегалница (Фуркан Идризи – Тетово)

Битола: Пелистер -Детонит (Александар Урошевиќ – Тетово)

Тетово: Шкендија – Шкендија А (Благојче Ралески – Битола)

Струга: Струга ТЛ – Македонија ЃП (Марјан Стојановски – Кичево)

Кратово: Силекс – Шкупи (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)

Гостивар: Арсими – Воска (Ивана Пројковска – Скопје)

ПретходноНи се смее цел Балкан по веста дека Борозан бил искасан од кучиња скитници!
СледноТурците најавуваат: Мурињо го враќа Елмас во Фенербахче?!