Да се победи Струга ТЛ со 4:1 и тоа на нејзин терен, да се победи шампионот со толкава разлика секако дека не е мала работа. Посебно ако имаш на тој меч три асистенции и еден постигнат гол тогаш нема дилеми дека ти си играч на 10.коло, а тоа е Усман Маронг кој просто си поигруваше со стружани.
Покрај него во тимот на колото според “СпортСпорт“ од Силекс се и Шуберт, Игњатов и Алиќ.
Во тимот на колото се и Јовчевски (Пелистер), Хани (Воска), Фетаи и Есати (Беса), Мазари и Демири (Работнички), М. Ѓорѓиевски (Брера).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
УСМАН МАРОНГ
Тим: Силекс
Роден: 21.06.1999 во Гамбија
Кариера: Суперстарс, Трајал, Ц. Звезда, Графичар, Хапоел Ранана, Брера, Радник, Воска, Силекс