Дали Новак Ѓоковиќ во Ријад го имаше последниот настап во 2024? Според последните информации од Србија и тамошните медиуми, се чини дека следниот настап на Ноле ќе биде АО во јануари 2025.
Како прво Новак го откажал учеството на Мастерсот во Париз кој се игра следната недела, а тешко дека ќе игра и на завршниот Мастерс во Торино каде како и секоја година осумте најдобро рангирани тенисери бијат битка за пехарот на овој мега турнир.
Новак уште пред неколку недели истакна дека нема да настапи на турниро во Белград, сега се очекува само официјачна информација за Париз и Торино.