Трикратниот европски првак прогласи банкрот

1455
Фото: EHF

Трикратниот европски женски шампион Вајперс Кристијансанд прогласи банкрот. Норвешката екипа ја освојуваше Лигата на шампиони во 2020/21, 2021/22 и 2022/23, а и годинава се натпреваруваше во истото натпреварување.

За да опстане Вајперс беа потребни нешто повеќе од два милиони евра, но откако не успеа да ја реализираа оваа мисија на официјална прес-конференција раководството на клубот објави дека ќе банкротира.

Реагираше и ЕХФ и објави дека до 10 ноември ќе има и официјален став за статусот на Кристијансанд во Лигата на шампионите.

Што се однесува до ракометарките тие не се ослободени од договорите сѐ додека не биде формализиран банкротот, но ако еден месец не бидат исплатени, можат и самите да го раскинат договорот.

ПретходноПарични казни и суспензија на домашен терен за Работнички и МЗТ по дивеењето на навивачите
СледноПо речиси една година пауза: Калин му се враќа на тенисот!