Турците најавуваат: Мурињо го враќа Елмас во Фенербахче?!

197

Дали Елиф Елмас се враќа во Фенер и тоа по пауза од пет години? Ова вчера и денеска го најавуваат медиумите во Турција. Целата “приказна“ ја почна „Фанатик“ со тоа дека Жозе Мурињо го прашувал раководството на Фенер како може Дијамантот да се вративо Истанбул и тоа уште во јануари.

Секако дека ова е само еден вид на шпекулација, ако се знае дека Македонецот има важечки договор со Лајпциг, но факт таму е незадоволен со оглед на тоа дека речиси воопшто и да нема минутажа.

Од друга страна неколку клубови во Серија А се заинтересирани за Дијамантот, сепак Елмас знае како е во Фенер а и соработката со Жозе Мурињо секако дека е предизвик.

Да потсетиме дека Елмас беше во Фенер во периодот од 2017 до 2019, претходно играше во Работнички, за да во летото 2019 година направи мега – трансфер во Наполи.

ПретходноСудии за Куп – 1/8 финале: Пилешков “главен“ на Вардар – Тиквеш, Пројковска ќе им суди на Арсими и Воска!
СледноКонечно: Нејмар по пауза од 369 дена настапи за Ал Хилал! (ФОТО)