Ц. Звезда „преживеа“ во Подгорица, но го загуби клучниот играч!

62

Вечерва во Подгорица во дербито на 5.коло во АБА лигата, Ц. Звезда успеа со 73:75 да слави против домашниот состав на Будуќност. Голема борба се водеше во текот на целиот меч, домашните имаа добра шанса да слават во овој трилер меч, но сепак се чини дека еден од решавачките моменти беше тројката на Недовиќ. Будуќност имаше и напад за победа, но не успеа.

Лоша вест за сите во таборот на “црвено – белите“ е тешката повреда на клучниот играч во тимот, Џоел Боломбој, кој предвреме мораше да го напушти теренот. Првичните прогнози се дека тој ќе отсуствува неколку месеци. Секако дека ова е голем удар за Ц. Звезда ако се знае дека Боломбој на стартот од сезоната беше убедливо најдобриот кошаркар во тимот, посебно одлично играше во Евролигата.

ПретходноСлавната Ријана купува клуб во Англија, ја сака и титулата во Премиер-лигата!
СледноПо повод празникот 23-октомври: Вардар ги отвара вратите на Арената за љубителите на фудбалот за мечот со Тиквеш!