Шокантно: Јуве објави дека го ангажирал Арда Ѓулер! Сепак….(ФОТО)

371

Арда Ѓулер (19) во Јувентус?! Да, ако го читатате Х профилот на гигантот од Торино.

А таму убаво си пишува:

Добредојде во Јувентус,Арда Ѓулер…“

Оваа објава секако дека предизвика доста контроверзи па и паника кај фановите на турскиот мега – талент, па и во цела Европа. Посебно ако се знае дека преодниот рок одамна е завршен.

Сепак ова не е вистина. Профилот на Јуве бил хакиран, па потоа беше објаснето дека ова било шега.

Јасно е дека Ѓулер во Реал чека поголема минутажа, јасно е дека речиси цела Европа ќе биде на нозе ако тој одлучи да си замине, ама тешко дека баш во Јуве би ја продолжил својата кариера.

ПретходноПо речиси една година пауза: Калин му се враќа на тенисот!
СледноКоментар на 10.коло: Шампионот не личи на шампион, фантастичен Работнички, Тиквеш без гол 465 минути…