Штип УГД и сезонава ќе биде фаворит за трофеите, Ристески задоволен од стартот

77

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД, тргна со победа на стартот на новата одбојкарска сезона. Тренерот на тимот Кристиан Ристески задоволен од прикажаното, најави дека настапите на тимот треба да бидат поттик за младите да се приклучат кон овој спорт во градот под Исарот.

„Работевме напорно повеќе од месец и половина. Играчите максимално се залагаа и ги исполнуваа сите задачи за време на тренинзите. Задоволен сум од целокупниот пристап на екипата во целиот припремен период. Засилувањата ги оправдуваат моите првични очекувања. Успешно се вклопија во екипата и во новата средина. Моментално сме фокусирани на создавање на стил на игра по кој ќе бидеме препознатливи. Ја стартувавме сезоната со победа, против екипата на Универзитет во Тетово. Добар старт, би рекол со добар и искусен противник од каде што ќе ги извлечеме недостатоците во нашата игра. Очекувањата и целите се идентични како и минатата сезона, а тоа е да се најдеме во завршницата од првенството и купот односно во фајнал фор од плеј офот и фајнал фор во Купот на ОФМ. Она што го очекувам повеќе оваа сезона е препознавање на одбојката кај штипјани како спорт кој заслужува респект, поддршка и поголема посетеност на натпреварите. Очекувам поголема заинтересираност кај младата машка популација за овој спорт, а со тоа и создавање на нови идни генерации на одбојкари во Штип“, вели Ристески.

Штипјани и оваа година играчки треба да бидат најсериозен противкандидат на Струмица во трката за титулата и куп-трофејот.

ПретходноПогба си најде нова работа, ќе глуми во филм
СледноФК Вардар со жестока реакција на судењето на мечот со Беса! (ВИДЕО)