Ракометарите на Вардар дуелот со екипата на Порто во 3. коло од ЕХФ Европската лига ќе го дочекаат со многу проблеми. На прес-конференцијата беше објавено дека Вардар утре ќе биде без црногорскиот „бомбардер“ Вуко Борозан, кој бил нападнат од кучиња скитници и добил повеќе повреди.
„За жал имаме неколку повредени играчи, четири-пет. Вчера Вуко Борозан беше нападнат од куќиња скинтници, беше во болница има 14-15 конци на раката и на ногата и не знаеме дали ќе биде подготвен за настап“, потенцираа од Вардар.