Конечно: Нејмар по пауза од 369 дена настапи за Ал Хилал! (ФОТО)

161

Конечно. Вечерва во меч од ЛШ во Азија, во дресот на Ал Хилал во игра влезе и Нејмар на гостувањето кај Ал Аин од ОАЕ. Се играше 77.минута кога слацниот Бразилец влезе во игра и беше на терен околу дваесетина минути. Ова за него беше прв настап за клубот од С. Арабија по точно 369 дена откако во октомври минатата година доживеа тешка повреда, ги скина вкрстените лигаменти.Image

Следуваше операција, па долга рехабилитација, но еве сега Нејмар игра за Ал Хилал.

Да кажеме дека пред повредата Бразилецот одигра само шест меча за тимот од С. Арабија.

Победи тимот на Ал Хилал со 4:5 во меч од 3.коло во ЛШ на Азија.

ПретходноТурците најавуваат: Мурињо го враќа Елмас во Фенербахче?!
СледноСлавната Ријана купува клуб во Англија, ја сака и титулата во Премиер-лигата!