Муамед Сејдини остана без дипломатскиот пасош!

2179

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини од денеска не поседува дипломатски пасош на Македонија. Ова е одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР), кои одлучија да ја повлечат одлуката на Бујар Османи кој во минатото од нејасни причини му подари на првиот човек на Фудбалската федерација (ФФМ), специјален третман и пасош кој се добива по заслуга.

Ваквиот потег на МНР најверојатно доаѓа по низата скандали кои ја тресат „Куќата на фудбалот“, но и по серијата на откази за спонзорство на сериозни партнери кои со години беа спонзори во ФФМ.

МНР ја остави на сила одлуката за пасош со дипломатски почести да ги имаат фудбалерите кои ги имаат ваквите патни исправи а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.

ПретходноСтојановски: Ова беше колективна победа, тренерот Петровиќ верува во секој од нас
СледноНи се смее цел Балкан по веста дека Борозан бил искасан од кучиња скитници!