Вардар 1961 утре на домашен терен го пречекува Порто во рамките на третото коло во Европската лига. „Црвено-црните“ во ова натпреварување имаат скор од една победа и пораз. Во минатото коло беа совладани од Мелсунген на гости, а сега веќе ги чека нов тежок предизвик.
„Знаеме колку е важен мечот со Порто доколку сакаме да ја минеме групата. Во првото коло имавме добро издание, против Мелсунген не беше така како што посакувавме, но тоа е веќе минато. Се подготвуваме за Порто, целосно сме насочени кон овој меч. Станува збор за квалитетен тим кој се натпреварува во ЛШ, кој после не знам колку години се натпреварува во оваа лига, покриен на сите позиции со квалитетни играчи. Свесни сме колку е значаен овој дуел. Нема штедење, единствена опција е победа“, изјави Владо Недановски, тренерот на Вардар 1961, кој и за оваа средба ќе има проблем со повредени ракометари.
Мечот меѓу Вардар 1961 и Порто е закажан со почеток во 20:45 часот.