По три одиграни кол аво домашниот кошаркарски шампионат стигна и првата тренерска промена.
Екипата на Шкупи е мора да побара нов тренер, откако досегашниот предводник Тони Симиќ по три средби заминува од клупата. Тој ја информираше јавноста дека неговиот ангажман на клупата на „чаирчани“ завршува.
Шкупи од почетокот на сезоната нанижа три порази во дуелите со градските ривали МЗТ Скопје А., Работнички и Чаир. Последниот пораз од Чаир беше последниот меч на Симиќ на клупата на Шкупи.