Сабаленка е новата бр. 1 тенисерка на ВТА листата

107

Белорусинката Арина Сабаленка од денеска и официјално е нова најдобра светска тенисерка. Сабаленка се најде на врвот на новата ВТА ранг листа симнувајќи ја од првата позиција досегашната лидерка, Игра Швјонтек од Полска.

Третата позиција на ВТА листата ја затвора Кори Гоф од САД.

Меѓу првите пет се најдоа и Џесика Пегула од САД и Елена Рибакина од Казахстан, кои практично останаа на четвртото и петтото место.

Промена имаше само на деветтатат позиција каде се искачи руската тенисерка Дарија Касаткина, која направи скок за две позиции.

ПретходноИнтер триумфално против Рома на „Олимпико“ (видео)
СледноСлот гневен на судењето: Сите одлуки беа против нас!