Славната Ријана купува клуб во Англија, ја сака и титулата во Премиер-лигата!

292

Транмер Роверс, кој моментално настапува во четвртиот ранг во Англија наскоро ќе добие нов сопственик. А тоа е славната пејачка Ријана. Дека има нешто во оваа “приказна“ говори и адвокатот на пејачката кој потврди дека испратена е понуда во вредност од 15 милиони фунти.

Преговорите се во тек и наскоро се очекува да дојде до договор“ истакна адвокатот.

Се информира дека и досегашниот соственик на клубот нема ништо против ова да се случи, целта е да се напредува. Со овие пари овој клуб би бил еден од најдобро стоечките финансиски во оваа конкуренција.

Инаку плановите на Ријана се големи, се најавува дека во иднина Транмер Роверс ќе атакува и на титулата во Премиер-лигата, секако дека ова е научна фантастика.

Дали Сити, Ливерпул, Арсенал, Јунајтед, Челзи и останатите гиганти во ПЛ треба да стравуваат?

Останува да се види.

ПретходноКонечно: Нејмар по пауза од 369 дена настапи за Ал Хилал! (ФОТО)
СледноЦ. Звезда „преживеа“ во Подгорица, но го загуби клучниот играч!