Танкоски: пред Порто Играме на домашен терен – тука сме најдобри!

48

Марио Танкоски, исто како и тренерот Владо Недановски најави победа против Порто во рамките на третото коло во Европската лига. Португалскиот тим е фаворит, но „црвено-црните“ на домашен терен го имаат најважниот играч – поддршката од верните фанови. Токму добрата серија во СЦ „Јане Сандански“ каде Вардар 1961 немаат пораз им дава надеж дека нема да се промени ништо.

„Утре не чека важен меч за пласман во следната рунда во Европската лига, па единствената опција е да го добиеме. Со оваа победа не сме сигурни дека ќе се најдеме во следната фаза, но со неа ќе направиме голем исчекор. Имаме шанси за тоа и покрај тоа што имаме повредени играчи. Играме на домашен терен каде што немаме загубен меч“, рече Танкоски. 

ПретходноНедановски: Нема штедење – победата е единствена опција!
СледноПогба си најде нова работа, ќе глуми во филм