Тоти на 49 години ќе игра во Серија А: Никогаш не вели никогаш!

694

Франческо Тоти е еден од најголемите италијански фудбалери на сите времиња. Целата кариера ја помина во Рома. За клубот од Рим постигна 307 гола на 786 натпревари и во 2001 година ја освои титулата шампион на Италија. Со клубот на својот живот освои уште два купа и Суперкупот, а со Италија беше светски првак во Германија во 2006 година.

Тоти ја заврши професионалната кариера пред седум години, но сега размислува за враќање во фудбалот:

„Имаше клубови од Серија А кои ме повикаа. Признавам дека ме натераа малку да размислам. Тешко е да се оствари тоа, но никогаш не кажувај никогаш во животот. Има играчи кои играа многу години по завршувањето на кариерата. Зависи и каде играш, но ако се вратам во Серија А, ќе морам добро да тренирам”.

„Газета дело спорт“ пишува дека тоа не е толку лоша идеја. Тоти во последните месеци се обиде да се врати во Рома на директорска позиција, но не успеа.

„За 2-3 месеци би бил подготвен. Сè уште играм на 48. Половина час, дваесет минути… Да направам нешто такво лудо, би го направил тоа во Италија, не во странство“, заврши Тоти.

Тој додаде дека нема да ја прифати понудата на Лацио и го спомена Интер како клуб кој го повикал. Тоти играше на позицијата среден бек и напаѓач, а своевремено беше и еден од најдобрите фудбалери во светот.

ПретходноЗинедин Зидан би можел да седне на „најскапата“ клупа во светот
СледноФОТО НА КОЛОТО: Од Работнички порачуваат – МНОГУ СМЕ ЈАКИ!