Вардар 1961 нема да се штеди – Порто ги отвара вратите за следната рунда

151

Вардар 1961 вечерва (20:45 часот) на домашен терен го пречекува Порто во рамките на третото коло во Европската лига. Македонскиот тим има скор од една победа и пораз, па според математиките победа против португалскиот состав ќе значи широко отворени порти кон следната рунда.

Ракометарите на Вардар 1961 со голема самодоверба влегуваат на оваа средба иако во моментов Владо Недановски се соочува со бројни проблеми, списокот на повредени играчи не е воопшто за потценување.

Самодовербата ја добиваат од фактот дека играат на домашен терен. Последен тим кој од „Јане Сандански“ си заминал со цел плен е Рајн Некар во квалификациите за пласман во Европската лига, меч кој се одигра во август 2023 година. Од оваа средба „црвено-црните“ се непобедливи дома, сите мечеви се домашни пресметки, вклучувајќи ги и дерби дуелите со Пелистер. Во овој список влегува и првата средба од ова натпреварување против Валур.

„Нè очекува многу важен натпреварот со Порто за пласман во наредната фаза на ЕЛ. Според сите нас, ова е најважниот меч за нас и единствена опција е да го добиеме. Со победа нема да бидеме сигурно во следна фаза, туку правиме голем исчекор кон нокаут рундата, а тоа е наша цел. Имаме шанси за да ја исполниме целта и покрај повредените играчи. Годинава немаме загубено меч во Јане Сандански и се надевам дека тоа ќе продолжи така“, изјави Марио Танкоски на вчерашната прес-конференција. 

За оваа средба под знак прашалник е Вуко Борозан, кој бил искасан од кучиња, Томи Јагуриноски, кој е неколку меча надвор од составот, а според информациите почнал со лесни тренинзи. Хориха исто така е еден од ракометарите кои е повреден, па останува да видиме со каков состав ќе излезе Недановски.

ПретходноНејмар се врати на терените после 367 дена (ВИДЕО)
СледноХорор сцена во Белгија: Играчот ги загуби прстите по експлозија на петарда (ВИДЕО)