Германскиот репрезентативен стопер Антонио Рудигер деновиве просто ги шокирал сите во таборот на Реал Мадрид, барем според инсајдерските информации на тамошните медиуми. Имено ѕвездата на “кралевите“ најави заминување од “Сантијаго Бернабеу“, ова Рудигер му го соопштил и на Дон Флорентино Перез.
Кога Перез посакал да разговара со Германецот за евентуално продолжување на договорот, кој му истекува во јуни 2026, Рудигер му кажал дека нема намера да продолжи со Реал по истекот на договорот, туку дека ќе прифати една од неколкуте понуди од С. Арабија.
Ова го шокирало Дон Флорентино кој имал намера да му предложи на Рудигер да остане во Мадрид и по 2026.
Инаку германскиот дефанзивец, кој во меѓувреме стана миленик на сите во клубот, а посебно на фановите, на “Сантијаго Бернабеу“ дојде во 2022 година од Челзи. Со својата пожртвуваност и бескомпромисност, и тоа како му помогна на Реал да ги освои сите тие силни трофеи во изминатите 2,5 години.
Сепак човекот сака повеќе пари, па затоа во јуни 2026 ќе се пресели во С. Арабија.