За среќа не се лигаментите: Ване Крстевски ќе паузира најмалку 2-3 натпревари!

186

Повредата на офанзивецот на Шкендија и младата репрезентација на Македонија, еден од нашите најдобри млади фудбалери, Ване Крстевски, сепак не е од најтежок карактер. Ова попладнево и официјално го соопштија од ФК Шкендија откако младиот офанзивец се здоби со повреда на мечот во Штип против Тиквеш.

Се стравуваше дека страдале и лигаментите, но сепак станува збор за повреда на скочниот зглоб. Ване Крстевски веднаш е ставен под рехабилитациски процес а сигурно е дека нема да биде во составот на тетовци на наредните 2-3 меча.

Ова е медицинскиот извештај од страна на ФК Шкендија за Крстевски:

Напаѓачот на Шкендија, Ване Крстевски, заработи повреда на неделниот натпревар против Тиквеш (0:0) во Штип. По еден дуел тој во 68. минута го напушти теренот на носилки, предизвикувајќи загриженост за сериозноста на повредата.
Сепак, лекарските прегледи покажаа дека нема скршеници или оштетување на лигаментите. Крстевски се здоби со повреда на мекото ткиво на левиот скочен зглоб и веднаш започна со терапија за опоравување. Во наредните денови лекарскиот тим ќе го следи неговиот напредок за да утврди кога ќе биде подготвен да се врати на теренот.
Во моментов, извесно е дека Кирстевски ќе ги пропушти следните два натпревари, куп пресметката со Шкендија Арачинови во среда и првенствениот натпревар со Струга викендов“.

ПретходноЛШ: Миовски и Џирона го пречекуваат Слован, на “Бернабеу“ реприза од последното финале, Ц. Звезда гостува кај Монако!
СледноУште една ракометна ѕвезда нема да игра за Франција