Нејмар се врати на терените после 367 дена (ВИДЕО)

57

Нејмар, кој ги скина вкрстените лигаменти на 19 октомври 2023 година, се врати на теренот после 367 дена. Репрезентативецот на Бразил влезе како замена во победата на Ал-Хилал со 5-4 на гостински терен над Ал Аин во натпревар од групната фаза од 3. коло во Лигата на шампионите на АФЦ.

Така Нејмар и друштвото се искачија на врвот во Западната група на турнирот, а ривалот е на само бод од претпоследното место. Првите 8 екипи ќе продолжат во фазата на директни елиминации.

ПретходноНереди по болниот пораз: Фановите на Валенсија со презир кон богатиот газда – влегоа во клин со полицијата (ВИДЕО)
СледноВардар 1961 нема да се штеди – Порто ги отвара вратите за следната рунда