Официјално: Некогашниот директор на Реал се врати во Партизан!

363

Предраг Мијатовиќ, еден од најдобрите фудбалери во историјата на овие простори, од денеска и официјално се врати во Партизан каде пред три децении и тоа како успешно го носеше “црно – белиот“ дрес. Пеџа ќе биде еден од првите луѓе на некогашниот гигант кој ги живее своите најтешки денови од своето постоење. Некогашниот спортски директор на Реал Мадрид и човекот кој во 1998 година со голот против Јуве во финалето во ЛШ му го донесе “ушлето“ на клубот од Мадрид по цели 32 години, сега заедно со новиот претседател Расим Љаиќ и Данко Лазовиќ, ќе се обиде да го врати Партизан таму каде што и му е местото.

Славниот Пеџа денеска одржа и прес – конференција на која го искажа своето задоволство дека повторно е во Партизан, но и вети напорна работа за да се дојде до целта.

ПретходноБорозан и искасан од кучиња ќе игра против Порто!
СледноЛШ: Миовски и Џирона го пречекуваат Слован, на “Бернабеу“ реприза од последното финале, Ц. Звезда гостува кај Монако!