Фабио Скијафино, фудбалер на белгискиот четвртолигаш Менен, остана без еден прст, а лекарите мораа да ампутираат делови на уште два, откако заврши во болница поради повредите што ги доби додека движеше од петарда фрлена на теренот за време на натпревар.
Скијафино, прославувајќи го својот 26-ти роденден, постигна два гола на натпреварот во кој неговиот тим победи со 4:0, но ќе остане запаметен по лошото нешто што се случи откако му експлодираше петардата во рака. Ја подигнал со десната рака и ја носел надвор од теренот, но тогаш се случи хорот моментот, кој можете да го видите ТУКА.
Направата која му експлодирала во рака е петарда од типот Кобра 6, а белгиските медиуми јавуваат дека во таа земја е забранета. Истата била фрлена на терен од 21-годишник, кој по натпреварот бил приведен од полицијата и против кого е поднесена пријава.
„Кога чадот се расчисти, видов дека ми недостасуваат делови од прстите“, рече Скиафино.