По поразот од Алкалоид, тренерот Бранислав Ангеловски си поднесе оставка од функцијата. Уште на полувремето навивачите бараа оставка од тренерот, а тој беше под силен притисок затоа што не успеа да ги испорача очекуваните резултати, а ова е втор пораз во Суперлигата, претходно не успеа да слави на вечното дерби.
Во Лигата на шампионите исто така игра очајно, па беше прашање на време кога ќе се случи ова. Битолската екипа ќе бара нов тренер, а претстои тешка задача – дуел на домашен терен со Веспрем во ЛШ.