Битолчани „наострени“ доаѓаат во Автокоманда, Алкалоид им зема два пехари!

238

Пресметките на најсериозните кандидати за титулата на Вардар 1961 и Пелистер против Алкалоид во последние две сезони станаа дерби мечеви. Момците на Кирил Лазаров од ден во ден созреваа, а тоа се покажа на дело и на стартот на оваа сезона. Против актуелниот првак добија уште една битка за пехар, овој пат во Супер-Купот, а лани на сметка на двата тима стигнаа до првиот трофеј во својата историја – Купот на Македонија.

Оттука и големата мотивираност на фавортите против Алкалоид. Пелистер вечерва гостува во Автокоманда во рамките на осмото коло, а тимот на Лазаров го пречекува како лидер на табелата без ниту еден пораз во претходните мечеви, на еден од нив го совлада и Вардар. Македонскиот првак падна на првата дерби пресметка против Вардар, а има уште шест победи.

Алкалоид зад себе покрај серијата на победи во домашниот шампионат го има убедливото издание против Клаипеда Драгунас во рамките на квалификациите во ЕХФ Европскиот Куп. На другата страна битолчани го имаат убедливиот пораз на гостински терен од Висла во ЛШ.

Доста интересно е што Алкалоид нема победа во домашниот шампионат против Пелистер, двете победи против фаворитот се на најважните мечеви за пехар. На другата страна битолчани имаат четири триумфи.

За разлика од Пелистер кој е под притисок, особено тренерот Бранко Ангеловски, кој се најде на мета на критики од страна на фановите на клубот, на другата страна Алкалоид без притисок влегува на оваа средба.

Сето ова е доволна причина за да оваа пресметка биде во фокусот на денот.

ПретходноЛиверпул во Германија ја најде замената за Салах
СледноСите се дигнаа на нозе: Трикратниот европски првак сепак се спаси од банкрот!